23.8 C
Skopje
Thursday, June 13, 2024

Таравари: Маската на СДСМ спрема Албанците е малку подобра од онаа на ВМРО-ДПМНЕ

Не е можно ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да бидат 11 години во власт, а да имате процеси против функционери на ВМРО а ниту еден за ДУИ, рече Таравари во своето гостување на „Само вистина“.

Зиков пак рече дека СДСМ му помага на ДУИ да опстане, колку може посилно и истакна дека Пендаровски не е консензуален кандидат, туку кандидат предложен од СДСМ и ДУИ.

Консензуален кандидат би бил Блерим Река, рече Зиков. Јас мислам дека Блерим Река поддржан од Алијсаната и БЕСА имаат јасна порака „Република за сите“ веројатно се мисли на замена на претходната реченица „Општество за сите“. Република е поконкретно, се подразбира институции за сите, закони за сите, процеси во државата за сите, идеал кон кој се стреми Македонија 30 години. Слоганот на Река е точен и цели кон една популација на граѓани која и кај Албанците цели во онаа публика која е неутрална и која е опозициска, додаде тој.

Господинот Пендаровски не е заеднички или владин кандидат. Тој кандидат е на СДСМ, а сите за да бидат дел од владата, поддржија, рече Таравари.

ДУИ на терен е катастрофа. Македонците три пати сменија влада, а албанците се во еднопартиски систем 17 години. ДУИ се инсталирани во сите институции на системот. Ги имате во образование, во инспекции, во судови, во ЈО, сегде, рече Таравари. Ние сме решени ова да го скршиме, додаде тој и истакна дека цената за тоа не е битна притоа додавајќи дека ова ќе биде ослободување за Албанците.

поврзани објави

Последни објави