Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 ја обвини ДУИ дека вработувала паразити во администрацијата и рече дека една од целите на Алијансата на Албанците на изборите е да ја делегитимираат ДУИ.
-Имам 60 вработени во општината кои се паразити на ДУИ, ништо не работат и земаат плата. Овие феномени на Албанците им се дојдени преку глава. Ние сме сконцентирани на прв круг, првата цел ни е Река да оди во втор круг, и втората цел ни е да ја делегитимираме ДУИ која тежи 40-50 илјади гласови, рече Таравари.
Таравари рече дека се потполно концентрирани на првиот круг од изборите и дека нивната цел е да докажат дека ДУИ не тежи повеќе од 40 до 50 илјади гласови. Со тоа, како што рече тој, уште утредента ќе побараат предвремени парламентарни избори на кои ќе се делегитимира ДУИ како партија која е инсталирана во системот цели 17 години.