Фејсбук страната на Месната заедница Галичник каде се информира за чистењето на патиштата кон Маврово, синоќа соопшти дека од булдужерот кој служи за чистење снег, украдени се 200 литри горови.
„Денес е пробиен Царевец. Атрактивно за фотографирање, а сношти, ноќеска, беа украдени 200 литри дизел и беше оштетен системот за довод на гориво на булдожерот“, стои во објавата.
Денес е пробиен Царевец. Атрактивно за фотографирање :)А сношти, ноќеска, беа украдени 200 литри дизел и беше оштетен…
Posted by МЗ Галичник / MZ Galichnik on Tuesday, April 9, 2019
Од таму потврдуваат дека случајот бил пријавен во Полициската станица Маврово, по што е направен увид и записник за настанатата штета.
Засега подетални информации од МВР за овој случај нема, но како што велат тие, во текот на денот ќе ја информираа јавноста.