7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

МБП: Кој ја држи Македонија како заложник на Грција веќе 25 години

Здружението „Македонско – Бугарско“ пријателство како организација денес преку соопштение ја изразува својата загриженост за македонскиот економски развој и ги повикува властите во Македонија, сегашни и идни освен за својот углед и лично богатење да помислат и за македонската економија, која треба да го храни народот на оваа земја.

Според нив, приказните за геостратешката позиција која ја завзема Македонија на Балканот, паѓаат вода, кога властите немаат чувство за геостратешко делување и за искористување на просторот. Македонија е во „центарот на Балканот“ а нејзините стопанственици се заложници на нечие неразбирање на поимите „транспотни врски“, „економски интерес“, „поедноставен и поевтин превоз на добра“ и др. – сметаат од здружението МБП.

„Веќе десетина дена граничниот премин Евзони – Богородица е блокиран поради штрајкот на тамошните земјоделци, кои се незадоволни од најавените даночни и пензиски реформи. Овој внатрешен грчки проблем веќе е проблем и за македонската економија бидејќи во Солунското пристаниште се заглавени околу 120 илјади тони стока за Македонија, која не може да биде испорачана до крајната дестинација поради блокадата на грчките земјоделци. Станува збор за никел, јаглен, челик, сол и други суровини, наменети за македонската индустрија. Медиумите јавуваат дека македонските власти ги интензивирале состаноците со Грците за да се најде решение на проблемот, но и да се спречи евентуална нафтена криза во земјава, на што предупредува ОКТА.

 Медиумите јавуваат а Здружението за „Македонско-Бугарско пријателство“, како организација, која е загрижена за македонскиот економски развој, македонските стопанственици и превозници прашува: „Кој ја држи Македонија како заложник на Грција веќе 25 години?“. Ги прашуваме сите влади од 1991 година до сега. Кој е интересот на Република Македонија од тоа да зависи во голема мера од само еден транспортен коридор и од само едно пристаниште (Солунското)? Кога конечно македонските власти ќе почнат да размислуваат геостратешки? Дали се свесни „државниците“ овие денешниве и оние пред нив дека само со муабет и планови на хартија ништо не се постигнува? Потребни се работа и залагање. Потребно е европско размислување. Нешта, кои се дефицит во Македонија уште од времето кога се изјаснивме за независност, „но со можност за идно стапување во сојуз со останатите земји од Југославија“. Таква ни е и независноста во врска со решавањето на геостратешките проблеми- условена. УСЛОВЕНА ОД НЕЧИЈ ФИНАНСИСКИ ИНТЕРЕС, за жал не тој на македонската индустрија во целина, туку нечиј ПРИВАТЕН интерес.

 Тоа е и причината во бавењето на проектот за поврзување на Скопје и Софија со железничка пруга. Колку време се гради таа пруга? Кога ќе се изгради? Ќе ја дочекаат ли нашите деца, ако воопшто останат во Македонија? Со таа фамозна пруга Македонија практично ќе стане дел од Коридорот 8, кој ги поврзува Јадранското и Црното море, од пристаништето Констанца во Романија до Драч во Албанија

 Би сакале да напоменеме дека во моментот нафтена криза Македонија се уште нема и заради компанијата Лукоил, која горивото го внесува преку Бугарија. Условите во кои се наоѓа македонската економија во моментот се слични со оние од 1994-95 за време на грчкото ембарго. Ги повикуваме македонските власти, сегашни и идни освен за својот углед и лично богатење да помислат и за македонската економија, која треба да го храни народот на ова земја. Дела се потребни господа од врвот на државата, дела а не зборови и мегаломански проекти во гипс, стиропор или пак само на хартија“, се вели во соопштението на МБП.

поврзани објави

Последни објави