20.8 C
Skopje
Thursday, October 3, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Можно е СДСМ да формира нова Влада!

Никола Груевски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ заедно со секретарот за меѓународна политика на партијата Александар Николоски  остварија средба со амбасадорката на Република Турција Еркал Кара, на нејзино барање.

Од партијата излегоа со обемно соопштение во кое се информира за што било разговарано на средбата, а еден детал од соопштението особено привлекува, а во кое ВМРО – ДПМНЕ потврдува дека има реална опција СДСМ да формира влада:

„Амбасадорката на Турција Еркал Кара истакна дека се зборува за можноста за коалицирање на СДСМ со другите партии, на што од партијата беше посочено дека се е можно, но тоа ќе значи трајно напуштање на воспоставениот принцип победникот кај македонците да коалицира со победникот кај албанските партии и гласачи. Напуштањето на тој принцип би бил иверзибилен процес, процес на кој ќе му нема враќање назад“, стои во делот од соопштението.

поврзани објави

Последни објави