Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски го оцени досегашниот тек на предизборна кампања во рамки на очекуваното и предвидуваното ниво на коректност, со одредени исклучоци, пред сè во користењето пораки што ги смета за некоректни и навредливи.
Деновиве се емитува еден рекламен спот, што мојот главен противкандидат од опозициската партија го продуцираше. Значи, материјалот е сертифициран и одобрен од нејзиниот штаб, а не од некој поддржувач на социјалните мрежи. Тоа оди на многу ниско лично ниво, оди на дисквалификации и навреди, што според нивото на примитивност не е забележано во поновата македонска политичка историја. Зборувам за официјални видеа на некој од кандидатите, но сметам дека комуникацијата со граѓаните во останатиот дел, до сега е на разумно или пристојно ниво. Така очекувам да остане и во наредните денови кога имаме уште две дебати на две национални телевизии – рече Пендаровски.
Во комуникацијата со граѓаните и со гласачите, според Пендаровски, забележливо е дека има позитивен пристап и импресиите се дека се води една од покоректните предизборни кампањи.
Прочитај повеќе: Мицкоски: Не само што нема да го избереме, туку ќе го замолиме Пендаровски заедно со Заев да не ни излегуваат пред очи
Вистината е дека на 21 април и 5 мај победуваме, готови се. Народот е тој кој ги креира тезите и политиките, тоа не прави нас различни. Ќе дојде поинаква реалност во Република Македонија каде што политичарите ќе се одликуваат со сопствената честитост каде што зборот на политичарот ќе држи и каде што политиките политичарот ќе ги гради заедно со граѓаните и помеѓу граѓаните. Ќе ја кренеме оваа Македонија од пепел кој ќе ни го остават Зоран Заев и СДСМ. Водеа ненародна политика. Со лаги дојдоа таму каде што се и со лаги владеат затоа што се полни со криминал, изјави вечерва Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од митингот во Кисела Вода и додаде:
„Му се закануваат на народот да не му излегува на очи ако не го избереле Стево Пендаровски. Епа еве Стево ќе ти одговориме овде од Кисела Вода, не само што нема да те избереме туку и ќе те замолиме и ти да не ни излагаш повеќе пред очи заедно со твојот ментор Зоран Заев.“