-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Алармантна состојба во Србија: Се подготвува упад во Собранието (Фото)

Српската опозиција денеска организира нов масовен протест во Белград. Опозициските лидери не сакаа да ја објават програмата за денешниот протест, поради, како што рекоа тактички причини, само најавија дека ќе се одржи и протестен марш од Народното Собрание до владата и преку Славија повторно пред Собранието.

Владејачката партија ги обвини членовите на опозицискиот Сојуз за Србија кој ги организира протестите „Еден од пет милиони“ дека се служат со фашистички методи и го заплашуваат народот а малата посетеност на нивните протести е доказ за тоа. Властите изразија сонмеж дека опозицијата подготвува упад во Собранието и покрај полицискиот кордон околу зградата, полициски припадници има распоредено и внатре во објектот. Законодавниот дом не го напуштија ниту пратениците од владејачкото мнозинство, кои се симнаа во холот од каде најавија дека ќе учествуваат во одбраната на Собранието доколку опозицијата се осмели да направи упад.

Од друга страна опозицијата тврди дека полицијата ги запира сите патнички автобуси и комбиња кон Белград и ги враќа оние кои превезуваат демонстранти.

Опозициските демонстрации под мотото Еден од пет милиони се одржуваат речиси пет месеци низ Србија и главниот град Беллград пропратени со низа инциденти како упадот во Јавниот сервис и блокадата на претседателската палата. Опозицискиот Сојуз за Србија, кој е составен од повеќе партии, невладини организации и граѓански здруженија, бара оставки од владата и претседателот Вучиќ, ослободување на медиумите и одржување предвремени избори.

По улиците на Белград биле забележани и демонстранти кои со себе носат и ладно оружје, па од Владата стравуваат дека ситуацијата може да ескалира.

Извор: Телма

поврзани објави

Последни објави