30.8 C
Skopje
Saturday, June 15, 2024

Купиле мебел од продавница за втора употреба: Кога го реставрирале пронашле вистинско богатство (Фото)

Брачен пар од Шкотска не знаел дека среќата толку многу ќе им се насмевне со купување на половна фотелја од продавница за втора употреба.

Ангус и Анџела Милнер од Шкотска купиле фотелја од продавница за втора употреба за околу 5 фунти. Немале пари да ја репарираат, па фотељата стоела и собирала прашина на таванот. Потоа мажот одлучил сам да ја среди.

Кога била купена, фотелјата била во навистина лоша состојба и, според актуелните сопственици, “изгледало дека кучето спиело со години и вршело нужда на неа”. И тие одлучија дека проектот ќе мора да почека поради недостаток на пари.

Пред неколку месеци, Ангус го урнал таванот и кога јо отворил фотелјата, пронајдел дијамантски накит во вредност од над 5.000 фунти. Тој одлучил да не и каже на својата сопруга ништо за ова откритие.

Наместо тоа, за следната годишнина од бракот и поклонил дијамантски прстен. Подоцна обетки за Денот на вљубените. Иако не е традиција да се купуваат подароци за Велигден, тој тогаш и поклонил брош, па дури тогаш одлучил да и ја открие тајната за накитот кој го пронашол во фотелјата.

поврзани објави

Последни објави