-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Министерот за здравство понудил оставка, се чека одлуката на Заев

После вчерашната трагедија на штипјанката која го загуби своето неродено бебе во шеститот месец од бременоста, како последица на епидемијата од морбили, министерот Филипче разговарал со премиерот Заев и му понудил оставка од морални причини, објави порталот Магазин.

-Според нашиот извор од министерството за здравство, министерот Филипче чувствувал морална одговорност затоа што тимот на министерството за здравство не успеал да ја сузбие епидемијата на морбили која трае веќе 4 месеци, а зад себе остави 30 мртви луѓе и пет неродени бебиња меѓу 4ти и 6ти месец на бременоста, абортирани заради заразата. Се очекува во следниве неколку дена од премиерот Заев да се изјасни дали ќе ја прифати понудената оставка од министерот Венко Филипче, пишува порталот.

Бројот на заразени со малите сипаници денес е 1004 лица, а освен Скопје, критична е бројката на заразени во Куманово, Тетово, Струга, Свети Николе, Кичево, Штип, Гевгелија, Прилеп и Дебар.

Најкритично е во главниот град, каде епидемијата е речиси излезена од контрола и само денес на Детската клиника во Скопје се евидентирани нови 17 деца заразени од мали сипаници. Еден дел од оние што се хоспитализирани на Клиничкиот центар се бебиња помали од 12 месеци, а поголемиот број се луѓе на возраст од 35-65 години, но и двете се многу ризични и ранливи категории.

Целата вест прочитајте ја на МАГАЗИН.

поврзани објави

Последни објави