Јас ја гледам Македонија како земја на среќни граѓани, кои се почитуваме едни со други, си подаваме рака во тешки времиња и заеднички ја носиме својата среќа. Јас ја гледам Македонија како држава членка на Европската Унија, каде ќе стигнеме само преку макотрпна работа, исполнување на стандарди и принципи, пред се да се европеизираме дома, одвнатре, ова денеска на големиот митинг на ВМРО-ДПМНЕ пред Владата го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
-Јас ја гледам Македонија како земја каде Македонците отсекогаш во историјата живееле заеднички и сложно со своите сограѓани Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци, Еѓипјани и сите останати. Јас ја гледам Македонија како место каде владее правдата, се почитува правдата се почитува правната држава и владеењето на правото, каде сите сме еднакви пред законот и Уставот, и секој еден кој го прекршил ќе одговара. Ќе одговара без оглед на неговата припадност, општествена или политичка. Јас ја гледам Македонија како место во кое земјоделците се задоволни од пласманот на она што со мака го произведуваат. Имаат ценет труд, каде невработените наоѓаат работа, а вработените добиваат повисоки плати. Јас ја гледам Македонија каде нашите деца растат безгрижно. За Македонија која нижи спортски успеси, за финале во фудбал на европско првенство каде ќе се виори македонското знаме, македонското сонце. Каде заедно навиваме за фудбалските мајстории на Елиф Елмас, на Пандев. Јас ја гледам Македонија како земја каде заеднички се радуваме на одбраните на Борко Ристовски, на головите на Кире Лазаров, на играта Стоилов кој нема да биде играчот број 5, туку Стојанче Стоилов заедничкиот херој на многу граѓани од Дебар до Делчево, од Гевгелија до Куманово. Јас ја гледам Македонија како идеја, муза и инспирација за која вреди да се живее и умре, потенцира Мицкоски.
Тој додава дека ако и вие го споделувате ова како и јас, тогаш ајде заеднички да се избориме за нашата честита Република Македонија.
-Затоа еден ден кога ќе помине време, многу Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми, Срби, ќе се запрашаат дали направивме се што можевме за да се избориме за работите во кои веруваме? Дали ја оправдавме големата одговорност која и беше дадена на нашата генерација? Во многу моменти од животот ќе забележите дека работите не се фер, дека некој тргува со работи кои се свети, ве притиска, прогонува, осиромашува и обесправдува. Не се откажувајте, продолжете да се борите! Колку повеќе ви викаат дека е готово, ве тераат да се обесхрабрите не се откажувајте – борете се! Емоциите да ги претвориме во акција! Време е! Веруваме во Правда! Во химната стои дека Македонците се борат за своите правдини! Македонците не веруваат во власта – веруваат во Македонија! Таа е радост, тага, болка, успех, суштина, пиреј, Татковина! Барај те го најдоброто во себе! Дојде часот! Колку повеќе ти викаат дека нешто не е возможно ти повеќе мотивирај се! Докажи им дека грешат! Победи! Колку повеќе овој скршен систем те притиска Толку повеќе знај дека си на вистинската страна! На страната на правдата. На страната на Македонија! Приклучете се, истакна Мицкоски.
Тој вели и дека еден ден после многу време – ќе можете гордо да кажете затоа што татковината ме повика! Јас бев еден од оние кои ја донесоа правдата за Македонија! Знам дека и овој дожд е бериќет не врне секаде по плоштадите во Македонија, па нека не наврне и овде во Скопје вреди за ова да се живее, ви благодарам од срце. Кога доаѓав наваму се видов со мајка ми ми рече: „внимавај синко тешки времиња се, дали ова што го правиш ќе вреди со пот?“ Јас го избрав мојот пат, мојот пат е правда за Македонија и нашите животи не вредат пет пари ако немаме правда за Македонија, може и да не убијат и уапсат ама вербата во правда за Македонија никогаш нема да исчезне,