27.8 C
Skopje
Wednesday, June 12, 2024

Овие 5 работи објавени на Фејсбук, можат да ви направат проблем

Пет работи можат да направат проблем на Фејсбук. Тоа се: Телефонскиот број, домашната адреса, било што во врска со работата, статус на врска, информации за картички и пари.

5. Телефонски број

Многу лоша идеја – не само што ќе го видат многумина кои не би требало да го знаат , луѓето дури можат да користат претрага на Фејсбук по телефонскиот број. Впишувајќи го телефонот излегуваат јавно достапните информации за лицето на Фејсбук. Исто така, вашиот телефонски број може да биде продаден на „мрачниот интернет“ од каде можат да ви испраќаат спам СМС пораки.

4. Домашна адреса

„НЕ, НИКАКО“! Освен што ќе знаат каде живеете, ризикувате да бидете ограбени…

3. Било што во врска со работата

Ризикувате да, со покажување на вашето работно место и организацијата, вашата фирма да биде хакирана преку вас, односно преку вашиот профил. Исто така, Фејсбук помни се`, и оние слики и статуси од пред неколку години, и нема да ви биде лесно да се оправдате пред шефот, ако некоја слика или статус бидат доведени во врска со фирмата во која работите.

2. Статус на врска

Тоа е една од информациите кои најмногу ги интересира голем број луѓе и баш затоа би требало да ја задржите за себе – оставете го овој податок приватен.

1. Информации за картички и пари

Не, не и не. Не извршувајте трансакции преку оваа социјална мрежа. Хакерите се секаде околу нас, внимавајте да не бидете ограбени.

поврзани објави

Последни објави