4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Почнува сезоната на алергии предизвикани од полен: Дознајте како да се справите со овој проблем

Пролетта е периодот кога се појавуваат алергиите на полен, така што многу голем број на луѓе се соочуваат со сериозни реакции на телото, течење на носот, до болни и отечени очи, болно грло и кашлање.

Сепак, најважно е да се консултирате со докторите кои ќе Ви препишат соодветна терапија за алергија, но стручњаците тврдат дека конзумирањето на манука мед може да Ви помогне во борбата со симптомите.

Трејси Локвуд е регистриран дијабетичар кој живее и работи во Њујорк, открива дека супстанцата метилгоксид е пронајдена во медот и може да биде исклучително корисна за лицата кои имаат проблеми со течење на носот, која се јавува како алергиска реакција на полен.

“Активната состојка метилгоксид се покажа за ефикасна алергиска болест на слузината на носот, што е еден од најчестите симптоми”, вели Трејси за порталот “Well + Good”.

Метилгоксид, кој се наоѓа во манука медот, може да биде ефикасен за третман доколку имате воспаление на слузината на носот, без оглед дали се работи за настинка, грип, алергија или респираторна инфекција.

Покрај тоа, една лажица од овој мед може да Ви овозможи многу здравствени предности.

“Манука медот може да ги убие бактериите во нашите тела, се користат и за лекување на изгорениците и раните, како и третман против акни”, заклучува нутриционистката.

поврзани објави

Последни објави