Канидидатот за претседател на државата од СДСМ и коалиционите партнери Стево Пендаровски вечерва има гостување на емисијата „Топ Тема“ на Телма телевизија.
На вечерашното гостување, запрашшан за тоа каде е министерот за надворешни Никола Димитров во неговата кампања, Пендаровски одговори:
-Логично е Димитров да се појави на некој собир, да даде поддршка. Јас тоа нема да го барам, принципите не ми дозволуваат да барам од некој аман заман кажи нешто за мене. Ние 20 години сепак сме работеле заедно, рече Пендаровски, притоа напоменувајќи дека Димитров најверојатно има обврски надвор од државата.
Името и презимето на министерот за надворешни работи Никола Димитров беа едни од оние кои најмногу се вртеа по медиумите кога стануваше збор за тоа кој ќе биде кандидат на СДСМ, ДУИ и другите партии кои сега го поддржаа Стево Пендаровски. Сепак, на крај Стево победи и доби втора шанса за да биде кандидат на СДСМ, овој пат помогнат и официјално во заедничка кампања со ДУИ.
Неговиот противкандидат од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ Силјановска Давкова пак вели дека коалицијата за подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ е таа која гарантира подобра иднина за Република Македонија.
Кога реков дека сум загрижена, знам дека еден од најубавите краеви на Македонија луѓето си заминуваат, и тоа оние кои ни се напотребни, најумните, најспособните, најкомпетитивните. Оние кои може да се натпреваруваат во европските држави и подалеку. За жал, политиката на оваа власт не е политика што води сметка за тоа дека тие се потребни овде. Ништо не сторија за да ги задржат, напротив, како да ги бркаат. Тоа мора да се смени. Мојата претстава за Валандово е сликата од детството, од младоста. Крај на прекрасните мириси, на најубавото овошје, а калинката е најскапото и најценетото овошје во светот, само овде тоа не го знаеме. Кога си замислувам дека Македонија може да биде земја на здрава, органска храна, на туризам од секаков вид, се распослале по земјава езера, ама и прекрасни села и краеви како овој, си велам зошто, зарем не се свесни за оваа убавина?Зошто не сторија нешто за да може народот овде да ужива во убавината, но и во животот? Ветија живот, но ништо не донесоа од животот, порача Силјановска Давкова од Валандово на вечерашниот митинг.
За тоа кој ќе биде во предност во првиот круг останува да видиме на 21 април, денот на претседателските избори во Република Северна Македонија.