-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Припадник на МВР си поднесе оставка поради името Република Северна Македонија

Сашо Житошански, припадник на Министерството за внатрешни работи на 25 минатиот месец си поднесе отказ поради како што вика му смета новото име на нашата држава. Еве што напиша Сашо на својот Фејсбук профил.

Во 2015 година се заколнав дека ќе го штитам Суверенитетот и територијалниот интегритет на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, мојата Татковина и наследството од нашите предци и ќе ги штитам нејзините граѓани, доколку е потребно и со мојот живот. Но НЕ и некаква си вештачка СЕВЕРНА творевина, креирана од предавници и среброљубци, а одобрена од народот.

Затоа на 25.03.2019 поднесов до Министерството за внатрешни работи на РСМ. , НЕОТПОВИКЛИВ ОТКАЗ и за тоа ќе платам 3800евра казна за годините кои несебично ги вложив во Министерството. Како првенец на генерација во Основно училиште, првенец на генерација во Средно училиште, помеѓу првите 3 студенти на Факултетот за Безбедност со просек 9.57, првенец на Класа 2015 (машки) во Центарот за обука на МВР, одликуван лично од тогашниот Министер за внатрешни работи и за скоро и Магистар по Криминалистика на Факултетот за безбедност, целокупниот мој живот и образование го насочував кон одржување и унапредување на безбедноста на ова свето парче земја и на овој народ. Но за жал денес јас не го препознавам овој народ, зошто кога најмногу и требавме на Македонија никој од дома не излезе, а сега се полнат автобуси за партиски митинзи.

Партиите и личните интереси ви се побитни од Македонија. Жално… Не сакам ниту да споменувам за -0 Економија, за корумпираното и исполитизирано до максимум судство и полиција, за катастрофалното здравство итн. Од мал бев патриотски воспитуван да си ја сакам татковината и да ги почитувам сите кои го дале животот за неа, се наежував од самото интонирање на химната од која денес некои се срамат, од текстовите по историја за храбрите подвизи на нашите предци, но да го дадам животот за политички корумпирани игри и нивни лични интереси, не ни намислувам.

Еднаш изјавив дека ќе извадам ако треба пасош од “Тунгузија”, но не и од Северна и стојам на тоа, но каде и да сум јас во мене знам дека сум МАКЕДОНЕЦ и тоа никој не може да ми го одземе. На крај сакам да се заблагодарам на некои од моите досегашни колеги, чест ми е што некои ги познавам, сум учел од нив, сме делеле леб и на – 20степени надвор сме им служеле на граѓаните и на Македонија, за другите сеедно… Поздрав од Каизерслаутерн и се надевам дека ќе остани некој што ќе го изгасне светлото, но со ваков тек на настани, со ваков народ и со вакви политичари, жална судбина ја чека Македонија т.е. Македонија веќе не постои, Северна е.. Жалосно.

поврзани објави

Последни објави