8.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Заев: Бааги големиот вмровец Никола Груевски доаѓа од Демократска Алтернатива, раководството на ДПМНЕ е од ВМРО-Народна партија

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на синоќешниот митинг во Куманово порача дека ВМРО-ДПМНЕ „мало сутра“ ќе се врати на власт.

Ги слушам како се прават поголеми патриоти и националисти, бааги големите вмровци. Дали знаете дека Никола Груевски доаѓа од Демократска Алтернатива, Христијан Мицкоски доаѓа од Социјалистичката Партија, а Гордана Силјановска била во владата на СДСМ, раководството сега на ВМРО-ДПМНЕ е од Народна партија. Биле они тоа тврдокорни вмровци, само власт ги интересира, ништо друго.

Спремни се и државата да ја пуштат низ вода само да се вратат на власт ама мало сутра. Веќе назад нема, нема враќање затоа што избравме вистински пат и од него откажување нема – рече Заев.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пак, рече дека е време за нова генерација на политичари, а дека професорката Силјановска Давкова е симбол за правдата во Македонија.

Време е за нова генерација политичари која ќе биде со народот и помеѓу народот и заедно со народот ќе ја гради Република Македонија. Заев заборави дека помина времето на таквите политичари како него, на таквите измамници и лажливци, а на 21 април народот ќе му покаже што мисли за тоа што и го направи изминативе две години на Македонија. Едноставен е изборот браќа и сестри: Од едната страна ја имаме онаа во мафијашки стил создадена коалиција која што застана зад Стево Пендаровски кој е симбол зад сиот транзициски криминал кој што се случи во Македонија, погледнете ги луѓето кои застанаа зад Стево, тоа се луѓето кои се виновни за целокупната пљачка во Македонија и тие луѓе нас ни велат дека ќе сме оделе напред и од друга страна ја имаме професорката Гордана Силјановска Давкова која е симбол на правото и правдата, без компромисен борец и заштитник на законите и Уставот, вели Мицкоски.

поврзани објави

Последни објави