Во Општина Кочани (според неофицијален податок) има околу 14 000 лица кои се вработени (за кои се плаќа 7,4% професионално заболување и 1,2% здравствено осигурување од бруто платата). Ако имаме во предвид дека просечната бруто плата е околу 30 000 денари, некаде околу 600 000 евра на месечно или околу 7 000 000 евра на годишно ниво се уплаќаат за здравствени услуги.
Кочанската болница не ги добива потребните финансии за да функционира и се развива (со кадар, апаратура и инфраструктура) како регионален здравствен центар, што за волја на вистината е, бидејќи повеќе од 7-8 општини гравитираат кон истата.
Без разлика на политичките, идеолошките и други поделби, сите кочанчани мора да го кренат својот глас, кога веќе не бива институционално мора со други механизми да се стави до знааење дека Кочани не смее да биде црна дупка во државата.
Ова е фејсбук статусот на независниот советник Венко Крстевски.
Во Општина Кочани (според неофицијален податок) има околу 14 000 лица кои се вработени (за кои се плаќа 7,4% здравствено…
Posted by Venko Krstevski on Tuesday, April 16, 2019