2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Димовски: Цели семејства заминуваат и од Берово, разочарани од неправдите, сиромаштијата и бесперспективноста

Берово. Местото каде сум роден, каде сум растел и созревал. За мене, најубавото место во светот. Едноставно, го сакам Берово. Денес, тешко се живее тука. Младите заминуваат во туѓина. Цели семејства заминуваат, разочарани од неправдите, сиромаштијата и бесперспективноста, напиша на Фејсбук, Димитар Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Берово. Местото каде сум роден, каде сум растел и созревал. За мене, најубавото место во светот. Едноставно, го сакам Берово.
Денес, тешко се живее тука. Младите заминуваат во туѓина. Цели семејства заминуваат, разочарани од неправдите, сиромаштијата и бесперспективноста.

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ дојдоа голем број Беровчани, Малешевци. Дојде и баба Елена Гаштеовска, ќерка на Димитруш Самарџиски – Прокуроре, славен Македонски комита, кој својот живот го посветил на борбата за Македонија. Во 1934 година, бугарите го затвориле и 6 години го измачувале низ бугарските зандани, заради неговата борба за независноста на Македонија и на крај го погубиле. Баба Елена му остави еден голем аманет на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. “Синко, чувај ни ја Македонија. Таа ни е се”. Христијан, прифаќајки го аманетот, и одговори: “Ќе ја чуваме, бабо. И ќе ја ослободиме од овие внатрешните поробувачи. Ќе ја вратиме Македонија на народот.”
Нашата борба за Македонија, за слободна, успешна, просперитетна и честита татковина, никогаш нема да престане. Нашата мисла и желба кон неа, никогаш нема да згасне. Нашата работа за Македонија да биде достојно и убаво место ќе трае се додека не успееме, затоа што тоа е единствениот начин да го сопреме иселувањето и да отвориме перспективи за граѓаните.

поврзани објави

Последни објави