6.8 C
Skopje
Thursday, December 12, 2024

Интервју со Јован Јаулески: Младинска гаранција постои само за децата на функционерите, ние од ВМРО-ДПМНЕ ќе се бориме да ја исправиме оваа неправда

ПОГЛЕД: Ќе наполните речиси три месеци како сте претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Што Јован Јаулески и новиот тим направија за партијата во изминатиот период и што е она што ќе биде врвен приоритет за Вас како претставничко тело на младината во идниот период по одржувањето на претседателските избори?

За три месеци заедно со мојот тим од Извршниот комитет ја прошетавме цела Македонија, остваривме многу средби со нашите симпатизери, активисти, но и граѓани. Пред се во овој период бев фокусиран на консолидирање на Унијата на млади сили. Ја водам УМС во еден клучен период за партијата, но и за Македонија, а сега и за време на претседателските избори, од кои зависи иднината на државата. На кои сите треба да си одговориме на едно важно прашање, дали сакаме да продолжиме да се движиме во неизвесноста и во криминалот кој го голта општеството или ќе се избориме за поинакви стандарди, за право и правдина, за подобра иднина за сите! Анкетите досега покажуваат резултати од работата, но сепак клучната ,,анкета’’ е на 21 во недела и 5 мај кога граѓаните ќе имаат шанса сами да ги поразат негативните политики кои ја влечат државата надолу.

Се разбира покрај отвореноста и инклузивноста на УМС кон секој млад човек, врвен приоритет ми е УМС по претседателските избори да биде најсилниот застапник и учесник во креирањето политики со кои ќе придоносе да се подобри состојбата на секој млад човек. Во УМС секој млад човек може да го пронајде своето место и со своите идеи да учествува во активностите и креирањето политики.

ПОГЛЕД: Одржавте прес за кревање на студентскиот стандард, зборувавте дека студентите немале парно греење и топла вода, зборувавте дека состојбата во студентски домови е катастрофална и очајна. Како младите можат да го поддржат Јаулески во оваа битка за подобар студентски стандард ако се земе предвид фактот дека и во изминатите години кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ тие ги имаа истите проблеми, бидејќи нели борбата за подобар студентски стандард и нови и реновирани студентски домови не е од сега, туку таа трае со години?

Точно е имаше недостатоци во минатото, имаше грешки за кои ја од срце се извинувам, но претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ стори многу повеќе за младите од било која друга влада во Македонија досега. Само за потсетување ќе ви набројам неколку проекти кои беа направени, имено беше изграден целосно нов објект во СД Стив Наумов, се работи за објектот популарно наречен „бараки“, беа реконструирани два блока од СД Гоце Делчев со комплетно реновирање внатре и надвор, а во наследство беше оставен готов проект за реконструкција на останатуите два блока, процес кој се одвива многу бавно и до сега требаше да биде завршен. За жал поради оваа неспособна влада студентите нема ни во септември нема да се вселат. Дополнително беше набавен и нов мебел за СД Стив Наумов и СД Пелагонија.

Наместо студентскиот град кој има беше ветуван на студентите, а требаше да почне со изградба уште во првите шест месеци откако ја преземаа власта, сега гледаме влошување на студентдскиот стандард, храната е ниско калорична, во истата се наоѓаат лебарки, отпушоци во студентските домови се шетаат змии и разни глодари,за што гледаме иу згрозувачки видеа кои се постираат на интернет просторот од страна на студентите. Исто така студентите постојано се жалат и на немање на топла вода, па дури и во зимскиот период. Ние точно знаеме со што се се соочуваат младите во студентските домови, ја знаеме нивната мака, УМС во период после изборите ќе излезе со конкретни мерки со кои ќе посочиме што се треба да се направи, тоа ќе бидат и политики на владата на ВМРО-ДПМНЕ откако ќе дојдеме на власт, која ќе ги имаме младите на прво место на листата на приоритети.

ПОГЛЕД: Може да се забележи се помало присуство на трибините на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, за разлика од минатите изборни циклуси кога се полнеа салите и плоштадите. Значи ли тоа дека народот веќе нема доверба во црно-белиот свет и сакаат трета политичка понуда во македонскиот политички блок?

Не би се согласил дека митинзите на ВМРО-ДПМНЕ се празни. Граѓаните во големи бројки и даваат голема поддршка нна Гордана Силајновска Давкова и на ВМРО-ДПМНЕ. И покрај големиот притисок од страна на власта, граѓаните се повеќе се охрабруваат и застануваат против криминалот, непотизмот и негативните политики кои ја уништуваат државата. На секаде можете да видите мотивирани лица кои се спремни да се изборат за Македонија да биде подобро место за живеење. Да одговорам и на вашето потпрашање. Дали е потребна или не трета опција. Република Македонија е плурална демократија, во која имаме голем број на партии, во таква атмосфера граѓаните имаат можност да го дадат својот глас за оној кој сметаат дека најдобро ќе ја води Македонија. Фактот што сме најголема партија е тоа што ВМРО-ДПМНЕ од почетокот на плурализмот до сега е тоа што ги обединуваме стремежите и надежите на македонскиот народ.

ПОГЛЕД: Важиме за земја во која највиска невработеност има меѓу младите лица. Секој втор човек сака да земе бугарски пасош или европски пасош за да замине негде каде што неговиот труд и работа ќе бидат ценети и платени. Како ВМРО-ДПМНЕ и Вие како предводник на младите ќе се борите и ќе гарантирате дека во некоја идна Влада на ВМРО-ДПМНЕ предност нема да добијат „партиските“ војници, нешто на што веќе навикнавме во овие 28 години?

Граѓаните особено младите се изиграни од страна на оваа власт. Беа ветувани брда и долини, еднаков пристап на секое работно место до секој, враќање на иселените итн. Но ништо од тоа не е случај. Македонија е земја со највисока стапка на младинска невработеност во Европа со околу 50%, самиот тој факт креира една огромна безнадежност кај младите и наместо некој да се враќа, иселувањето се забрза, па гледаме репортажи од внатрешноста како автобуските се полнат со млади луѓе кои со карта во еден правец и пасошот во џеб ја напуштаат Македонија засекогаш.

Разочараноста кај младите е огромна и поради не еднаквиот третман од страна на власта. Младинска гаранција нема, но затоа загарантирано вработување во јавната администрација има за децата на функционерите, кои добиваат работни места со големи плати, само затоа што се нечии синови или ќерки. Јавноста беше фрапирана од таканаречената епидемија на непотизам, која како канцер се рашири низ општеството, ќе набројам пар од тие случаи: Мира Дизел, Милева Ѓеоргиева, Татјана Лалчевска, Љубомир Фрчкоски и редица други.

ПОГЛЕД: Колку новото УМС се бори да привлече нови и млади личности во ВМРО-ДПМНЕ кои можеби досега не биле активни политички и дали можеби остварувате комуникација со млади личности кои себеси се гледаат во ВМРО-ДПМНЕ но досега не добиле шанса за напредок во истата партија?

Откако сум претседател на УМС се насочив кон отворање на партијата кон сите млади. Мојот ИК е составен од млади од најразлични струки, од сите краишта од државата. Во истиот е запазена и родавата еднкавост. Во партиските комисии имаме стручни лица од најразлични области кои се реализирани во своитѕе професии и даваат огромен придонес во работата на стручните партиски комисии во УМС, имаме извонредни кадри во кои гледам луѓе со капацитет да водат и менаџираат со големи процеси.

Во идниот период планираме да формираме и тело на млади интелектуалци и најдобри студенти, органи кои ќе ги опфатат најквалитетните кои ќе учествуваат во креирање на политики во интерес на младите и државата воопшто.

поврзани објави

Последни објави