14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Мицкоски од Ранковце: Се поголем број на граѓани ни се приклучуваат, само со победа на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја вратиме правдата во Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со жителите на Ранковце, каде што кажа дека се поголем број на граѓани се приклучуваат со помислата дека токму 21 април и 5 мај се деновите кога граѓаните ќе ги казни политичарите како Заев и Пендаровски кои го манипулираа, навредуваат и понижуваат народот во Република Македонија.

Мицкоски додаде дека СДСМ и Заев си поигруваат со маката и трудот на земјоделците бидејќи само неколку дена пред избори им ги исплатиле субвенциите на земјоделците, потсетувајќи дека тоа е обврска на државата а не добра волја на СДСМ и Заев.

-Земјоделието е опустошено,земјоделците со месеци ги чекаат парите за субвенции кои сега свесно на неколку дена пред изборите им ги пуштија, но овде велат кога не можеме да се избориме за она што ни следува, што остана за друго. Тие не живеат подобро, а никој од власта веќе не ги споменува и другите ветувања кои пред да дојдат на власт им ги даваа н овие луѓе, затоа што не се чесни, вели Мицкоски.

Мицкоски посочи дека Република Македонија не може да оди напред со политичари како Заев и Пендаровски, додавајќи дека додека тие одат напред со украдени пари од граѓаните, граѓаните секојдневно ја чувствуваат сиромаштијата и бедата.

-Да може Македонија вистински да оди напред , а не како што денеска ја гледаме Македонија како назадува, како оди назад, од ден на ден ние се враќаме назад а не одиме напред. Не е точно она кое што денеска Зоран Заев и Пендаровски Стево го пишуваат на нивните украдени плакати, билборди и реклами дека оделе напред. Да одат напред ама со вреќи полни украдени пари, ние одбиваме да одиме така напред. Ние сакаме да одиме напред достоинствено, честито со исправена глава заедно со богати граѓани и богата држава, кажа претседателот.

На крај Мицкоски порача масовна поддршка на 21 април и на 5 мај за кандидатот за претседател на државата поддржан од ВМРО-ДПМНЕ Проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова потенцирајќи дека само со нејзината победа е возможно враќање на правдата во Македонија.

поврзани објави

Последни објави