Ви честитам за фер и демократските избори со кои потврдивме темелна европска вредност. Вакви чекори ни доликуваат. Стево е победник во првиот круг, јас сум убеден дека во вториот круг тоа ќе го потврдиме, за европска иднина на нашата држава, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев.
Тој му честиташе на Пендаровски и рече: Јасно е, водиме во фер и политички натпревар. На овие избори и во првиот и во вториот круг се одлучува дали ќе продолжиме напред. Два целосно спротиставени концепти се спротиставени. Другиот концепт е деструктивен и го дели народот. Јас знам дека во вториот круг граѓаните ќе го поддржат напредокот. Јасно е дека во вториот круг концептот на Стево ќе добие поддршка од уште повеќе граѓани, додаде Заев.
Мнозинството граѓани ја препознаа разликата и постапија одговорно. Очекувам оние кои гласаа за Река на 5 мај да постапат одговорно и да придонесат за патот кој води напред. Назад носи штети, за сите, па и за нив. Ова се важни избори бидејќи определуваат со какво темпо ќе се движиме напред. Сите имаме одговорност спрема сопствената земја. Ова ќе ги мотивира сите. Северна Македонија е поставена на правиот пат, се определивме за еднакво општество за сите, членство во НАТО и ЕУ. Затоа почитувани граѓани, ви благодарам на сите кои излеговте и изградивте став на овие избори, ви благодарам на сите кои гласавте за Стево Пендаровски, рече Заев.