-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Детенце напиша песна за својот татко и ги насмеа сите: Многумина ќе се пронајдат во текстот (Фото)

Децата често знаат да ги насмеат своите родители со нивните сопствени песнички и изреки, но понекогаш знаат и да откријат премногу за приватниот живот на нивните родители. Едно дете од Хрватска за домашна работа требало да го опише својот татко, па успеа да насмее многумина.

Текстот на песничката е следен:

Мојот татко во домот работи се, мие чинии и лажици, додека мама си ги средува веѓите. Ги средува креветите, додека мама пие кафе кај соседите.

Мојот татко е најдобар на свет, затоа што никогаш нема бакнато друга тетка. Па затоа на сите да им биде јасно дека и „папучарите“ живеат прекрасно“, гласеше текстот на малото дете.

За сега не е позната реакцијата на неговиот татко, но оваа песничка стана вистински хит на интернет.

поврзани објави

Последни објави