2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Како е можно тоа: Во кутијата има 408 ливчиња, а според списокот 405 – се огласија од ДИК

На избирачкото место број 2564 во општина Ѓорче Петров на гласање излегле 405 лица од вкупно запишаните 822 гласачи. По завршувањето на изборниот ден, во кутијата со гласачки ливчиња имало 408 гласачки ливчиња, односно три повеќе.

ДИК попладнево одлучи гласањето на ова избирачко место да биде поништено, но таму нема да се прегласува бидејќи тоа не влијае на целокупниот резултат од изборите.

На избирачкото место со број 2344 во општина Студеничани каде во текот на вчерашниот ден не беше отворено, нема да се прегласува бидејќи добиените резултати нема да влијаат врз конечните резултати од шестите по ред претседателски избори.

поврзани објави

Последни објави