Претседателот на СДСМ Зоран Заев вечерва се обрати пред каропшани на Трибината со Стево Пендаровски, на која присутни беа и Стефан Богоев, градоначалникот на Карпош, како и потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска и министерот Оливер Спасовски.
,Отворено зборувам, не да се заканувам некому, пораката ја примивме во првиот круг. Ова јасно им го кажувам на нашите поддржувачи кои решија да останат дома и кои се незадоволни од нас, од некои наши функционери, на локално или централно ниво-чистка ќе има. И тоа е мојата порака“-рече Зоран Заев на првата трибина во Карпош по првиот круг од претседателските избори.
,,Пораката ја испративте, но немојте да ја казнувате државата заради некои наши слабости. Слабости има, но работиме и ќе работиме да ги исправиме. Разбрав, многу наши поддржувачи ми испратија порака-Еј ало, менувај нешто, не ја бива вака“ -изјави Зсев.
Заев рече дека ќе има големи промени, но и најави победа во втор круг со 100 илјади разлика.
,,Слушајте што кажувам, зборот е збор, 100.000 разлика во вториот круг“-рече лидерот на СДСМ.