5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Колев се заблагодари на охриѓани кои изразија поддршка за ГДУ и М. Трендафилов Нанче

Претседалелот на Граѓанско Демократска Унија Петар Колев се заблагодари на сите охриѓани кои дадоа свој придонес кон освојување на како што вели поддршка од 1655 гласа или речиси 6 % од охриѓани.

Ние од ГДУ со нашиот кандидат за градоначалник Михаил Трендафилов-Нанче добивме поддршка од 6% од охриѓани. Поточно 5.89% или 1655 гласа, кои ако ги пресметате во мандатот во советот на Охрид со оваа ниска активност се 2 советника. Од името на ГДУ сакам да се заблагодарам на охриѓани и ако ни ја дадат истата доверба на следните локални избори, да им ја честитам улогата на опозиција на ДУИ во Охрид, која со 2- ца советници го контролира советот. Аирлија нека е и да живее Македонија!

Битката во Охрид се уште не е завршена и таму во вториот круг силите ќе ги измерат токму кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Според податоците на Државната изборна комисија, по обработени 100% од избирачките места во општина Охрид, од вкупно запишани 52.223 гласачи, своето граѓанско право го оствариле 28.118 односно, излезноста е 53.84%.

Од нив 1.003 гласале за кандидатот Стевче Стевоски, 1.655 гласале за кандидатот од ГДУ Михаил Трендафилов Нанче, за кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ Митре Милошевски се изјасниле 10.614 односно 37.75%, за кандидатот од движењето „Беса“ Џемал Мена гласале 553, а кандидатот за градоначалник од СДСМ, Константин Георгиески добил 13.037 гласа односно 46.37% од гласовите.

Неважечки гласачки ливчиња биле 1256.

поврзани објави

Последни објави