Чистка во СДСМ веднаш по изборите, најави премирот Зоран Заев на синоќешната трибина од скопски Карпош. Познавачите на сосатојбите во владејачката партија ваквата порака ја толкуваат дека Заев всушност само ќе ги искористи изборните резултати од првиот претседателски изборен круг, како алиби за она што го планираше и пред нив.
Дека ќе има проветрување во јавноста се зборуваше и пред изборите, особено на министерскиот но и на директорскиот ешалон. Сите оние што не покажале резулатати ќе бидат тргнати. На списокот први ќе се најдат министерите што потфрлиле во капиталните инвестиции, но и директорите за кои има негативна клима во јавноста. Еве сега ја добивме пораката од граѓаните рече синоќа Заев.
Неофицијално извори за 1ТВ потврдуваат дека ќе се преиспитува и работата на министрите и директорите на коалицискиот партнер ДУИ. Овојпат нема да има ротации велат извори за 1ТВ.
Актерот Драган Спасов Дац на синоќешната трибина на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, му подари метла за чистката што ја најави по вториот круг од претседателските избори.
-Отворено зборувам, не да се заканувам некому, пораката ја примивме во првиот круг. Ова јасно им го кажувам на нашите поддржувачи кои решија да останат дома и кои се незадоволни од нас, од некои наши функционери, на локално или централно ниво-чистка ќе има. И тоа е мојата порака, рече Зоран Заев на првата трибина во Карпош по првиот круг од претседателските избори. Пораката ја испративте, но немојте да ја казнувате државата заради некои наши слабости. Слабости има, но работиме и ќе работиме да ги исправиме. Разбрав, многу наши поддржувачи ми испратија порака „Еј ало, менувај нешто, не ја бива вака“, изјави Зaев.
Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Силјановска за метлата на Заев на својот фејсбук профил напиша.
Се чудам од каде смрдеше рибата ?! Народот ќе ви ја испорача „Метлата“ на 5 мај!, напиша Силјановска, на својот фејсбук профил.
Извор: 1ТВ