Предвреме роденото бебе Лејси Шериф чие срце престана да чука 22 минути, докторите ја нарекоа чудо, бидејќи таа го прослави својот 1 роденден, а имала минимални шанси за да преживее.
Лејси Шериф, која тежела само 653 грама која се роди после 27 недели од бременоста на мајката, непосредно пред породувањето доживеа застој на срцето и тоа два пати.
Нејзините родители се подготвиле за најлошото можно сценарио, но нивната ќерка сепак преживеа. Докторите во клиниката Свети Џорџ во Лондон рекле дека Лејси правилно ќе се развива и дека би требало да живее нормален живот.
Инаку, Лејси е родена со царски рез во клиниката Свети Петар пред да биде префрлена во клиниката Свети Џорџ поради итна операција со која требало да ѝ биде санирана тешката состојба на цревата – некротизирачки ентероколитис.
За време на операцијата, срцето престана да ѝ работи на 12 минути, а докторите успеале да ѝ ја стабилизираат состојбата.
После операцијата нејзината состојба напредуваше, но потребни ѝ биле понатамошни оперативни зафати кои требале да ги решат проблемите со нејзината стома вградена во стомакот за време на првата операција.
Лејси конечно била пуштена од болница минатиот месец после 111 дена поминати во болница и за тоа време го прослави својот прв роденден.