Твитер преписките меѓу кандидатите за претседател Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова продолжуваат и денес. По обвинувањето на Пендаровски дека нејзиниот противкандидат се служи со лаги и невистини, се огласи професорката Давкова:
„Навистина жалам што Стево ја откажа дебатата планирана за денес на ‘Телма’. А можеше да научи нешто за ЕУ“.
Силјановска не остана должна па повторно обави пост на Твитер од објаснувањето на ТВ Телма, од каде рекоа дека двајцата кандидати, утре по првото гостување на телевизијата на почетокот на кампањата потврдиле дека ќе настапат денеска на дебата, но вчера добиле известување од штабот на Пендаровски дека пораи обврски мора да ја откажат дебатата.
Откако @SPendarovski кажа па заборави, сега очекувам и да негира. pic.twitter.com/INPmHRbAcy
— Гордана Сиљановска Давкова (@gogamkd) April 24, 2019