6.8 C
Skopje
Monday, December 9, 2024

Карлеуша со уцена за Душко: Ако се разведеш, ќе ти го уништам животот

Јелена Карлеуша по секоја цена сака да го сочува бракот со Душко Тошич, па за тоа применува драстични мерки и уцени спрема својот сопруг. Јелена поседува некоја видео снимка од фудбалерот, со која не само кариерата, туку може да му го уништи и целиот живот, па постојано му се заканува дека ќе ја објави доколку тој и понатаму продолжи со барањето за развод.

Откако во јавноста излегоа пораки, фотографии и снимки кои пејачката ги разменувала со Огњен Врањеш, веста за нејзин развод од Душко е се поизвесна. Како што пренесоа српските медиуми, Тошич на само два дена пред смртта на мајката на Јелена, поднел барање за развод, но поради трагедијата тој процес се одложи. Сепак после 40 дена, фудбалерот одлучи да ја напушти пеајачката, но тоа се бори со сите сили да го сочува бракот.

Најновите сомнежи се појавија пред неколку дена, кога Душко ја одследи Јелена од Инстаграм, а набргу и таа по него. Откако медиумите пренесоа дека доаѓа крајот на нивниот десетгодишен брак, ЈК веднаш демантираше.

„Јелена пред неколку месеци пред да се дознае за неа и Огњен доби фотографии и снимка од неколку минути на која Душко со друштво, се наоѓа во незгодна ситуација. Не смеам да ви кажам за што се работи, затоа што и самите шпекулации ќе покренат лавина од негативни случки во неговиот живот“, вели изворот за српски Курир.

Меѓутоа друг извор, близок до Тошич тврди дека тој и понатаму е одлучен да стави точка на бракот со Карлеуша.

„Душко по секоја цена сака развод. Доста му е веќе од тоа луѓето да му се исмеваат и да му велат дека има „рогови“ на главата. Можете да замислите како тој се осеќа“.

поврзани објави

Последни објави