Кинезот Жао Шуанг возел автобус кога наеднаш низ прозорот влетал огромен камен и го погодил директно во глава.
Тој херојски го издржал шокот и тешката повреда и безбедно го сопрел автобусот полн со патници во близина на Жаотонг во провинцијата Јунан.
Тој по ударот почнал да се држи за стомак и тешко да диши. Патниците биле шокирани, но никој не се поместил од своето место се додека автобусот не сопрел.
Автобусот минувал покрај карпа во моментот кога започнал одрон, па голема количина на камења паднала на патот и почнала да се одбива од асфалтот.
Шуанг покрај стравот за сопствениот живот морал и да го сопре автобусот на безбедно место, каде камењата нема да бидат закана за возилото. Се здобил со 4 скршени ребра и многу други повреди.