2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Апасиев: Со бојкот на второто полувреме, ќе овозможите Форина да ни биде „Прецедник-узурпатор“

Димитар Апасиев од Левица на својот Фејсбук профил објави статус, со кој повикува да не се бојкотира вториот круг од изборите, па така да не му се дозволи на Џафери на стане ВД Претседател на Република Северна Македонија.

„Со сегашниот бојкот на второто полувреме, само ќе играме по нотите кои ни ги свират властодршците и ќе влеземе во нивното посакувано антидемократско сценарио, кое можеби веќе им е напишано во амбасадата на Кале.

Ќе овозможиме Таљат Џафери, а.к.а. командант Форина, да стане ‘ВД Прецедник-узурпатор’, кој со брзина на светлината ќе ги потпише противуставните шверцувани закони за ратификација на октроираниот ‘Преспански договор’ и за двојазичност, со што Уставниот суд нема да може да ги поништи поради формално-правни причини.

Ќе им дадеме алиби на овие митаџиски среброљупци да го променат уставниот систем на земјата и да воведат претседател-марионета кој, небаре е некој бирократски чиновник, ќе се бира ‘на тендер’ во парламентот – од уценетите и корумпирани пратеници, наместо директно од народот.“

поврзани објави

Последни објави