11.8 C
Skopje
Saturday, May 18, 2024
spot_img

Љубовницата на Шабан ја шокираше јавноста: После него ми остана мало суштество кое ме теши (Фото)

Во најновиот број на српски Свет, Ивона Неговановиќ Цуца, позната како жената која долги години му беше љубовница на популарниот пејач Шабан Шаулиќ, со шокантна исповест ја затресе јавноста, откако нагласи дека има дете од кралот на народната музика.

После него ми остнаа мало суштество кое ме теши – вели Цуца.Таа уште вели дека редовно го посетува вечното почивалиште на Шабан и го чека денот кога ќе легне крај него.

Кога се случи, аферата за наводната романса помеѓу кралот на фолкот Шабан Шаулиќ и младата пејачка Ивона Неговановиќ, попозната под уметничкиот прекар Цуца, истата привлече невидено внимание во медиумите ширум регионот, бидејќи претходно Шабан никогаш не се нашол во ваква ситуација. Особено, не јавно!

Аферата толку многу го разниша бракот на фолк легендата со неговата Гоца, што тој едно време опстојуваше на „стаклени нозе“, но нејзината упорност, реномето на Шабан и секако разликата во годините помеѓу него и Цуца, која беше 39 години помлада, придонесе бракот на пејачот да опстане, а наводната љубовна романса да се сведе и остане само на ниво на медиумска афера.

Она што е најинтересно по ненадејното заминување на Шаулиќ, е фактот што Цуца се’ уште ја носи тетоважата со неговото име „Шабан“, која и ја прекрива прстенот, особно за време на јавни настапи и фотографирање.

поврзани објави

- Advertisement -spot_img

Последни објави