2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Благодатниот оган вечерва од Ерусалим преку Софија ќе дојде во Македонија

Благодатниот оган вечерва од Ерусалим преку Софија се очекува да пристигне на Меѓународниот аеродром Скопје, информираат од Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Отец Бобан Митевски од Кабинетот на архиепископот истакнал за МИА дека со помошта на Бугарската православна црква годинава епископот стобиски Јаков, викарниот епископ од Струмичката епархија ќе го преземе огнот лично и ќе го донесе како благослов за православниот народ и за православната црква во Република Македонија.

Во минатото Благодатниот оган доаѓаше во Македонија преку монаси од Бигорскиот манастир и со посредништвото на игуменот на манастирот отец Партениј.

поврзани објави

Последни објави