6.8 C
Skopje
Thursday, December 12, 2024

ФОТО: Боли глава – Ова е најзгодната натпреварувачка во „Се или нешто“ досега

Новата седма сезона на мега популарното македонско квиз-шоу „Се или нешто“ на телевизија Сител, започна со помалку среќа за натпреварувачите, но многу повеќе за банкарот кој мирно спие по секоја завршена игра поради слабите добивки на учесниците.

Во текот на претгодната сезона во редовите на оние што чекаат за игра беше и убавата скопјанка Тамара Маневска, од која камерата редовно ловеше по некој кадар од нејзината маркантна појава.

Сега во новата сезона дојде и нејзиниот ред за игра, а пред Лила се претстави како 19 годишна скопјанка која студира на правен факултет, а хоби и е моделството во модната агенција „Моделс Ин“, кај Алек Наумовски.

Како поддршка од присутната публика беа нејзините родители и чичко и кои и помагаа во одлуката кои кутии да ги отвори.

Облечена во црн тесен фустан кој ја истакна нејзината витка става, Тамара го задржа вниманието на гледачите со своето појавување, како и со возбудливата игра која не баш и одеше од рака.

Имено, Тамара ги отвори највисоките суми во кутиите, но на крај реши да игра и со 23-та кутија, по што ја дуплираше освоената сума од 4000 денари.

Нејзината игра ќе биде запаметена како не толку добра, но нејзината физичка убавина и шарм тешко дека ќе избледат.

поврзани објави

Последни објави