-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е симбол за непотизам

Заклучоците на ДКСК потврдија и институционално, ВМРО-ДПМНЕ е симбол за непотизам, злоупотреби, партиски и роднински вработувања.

Ургенции, влијанија, непотизам, роднински и партиски вработувања, специјално креирање работни места при вработувањата на роднините на поранешни функционери од ВМРО-ДПМНЕ во јавниот сектор се дел од заклучоците на ДКСК.

Братучеди на пратеникот Антониjо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, вработени со дискреционо право на тогашни директори од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се Јелица Милошоска, вработена во 2007 година во Водовод и Станко Коруноски во Централниот регистер, во 2007-2008 година кога Антонијо бил министер за надворешни работи.

Во списокот на Антикорупциска е и Христина Божиновска, вработена во АЕК, сопруга на Кирил Божиновски поранешен генерален секретар во Владата, од ВМРО-ДПМНЕ.

Во ЦУК е вработен таткото на Игор Јанушев, Љубен, кој иако првично не ги исполнил условите за вработување го добил работното место.

Братот на Анастасија Илиевска, која во 2008 година била советник за безбедност во Кабинетот на Претседателот се вработил во Централниот регистар во Прилеп.

Согласно заклучоците донесени од Антикорупциска, ВМРО ДПМНЕ треба да го испочитува ова независно тело и да побара од своите роднини да се повлечат од работните места.

поврзани објави

Последни објави