Пратеникот на ДУИ Артан Груби, на прес конференција му ја честита на Пендаровски новата функција и истовремено го потсети дека ДУИ и политиките на Али Ахмети беа клучните фактори кои ја запечатија оваа победа.
„ДУИ беа пресуден, одлучувачки фактор во неговата победа и нема што да испорачуваме фактури на нашиот кандидат кој што ги победи овие избори. Најголемата фактура која што е испорачана е консензуалноста со тоа што победија политиките на Али Ахмети и ДУИ кои што ги промовираме уште од 2014 година. Поголема фактура од тоа неможе да постои“, рече Груби.
Прочитајте повеќе: Иванов со последен поздрав до граѓаните.
Со огромна чест, задоволство и одговорност ја извршував функцијата Претседател на Република Македонија во изминативе десет години.
Од се срце му благодариме на македонскиот народ и на македонските граѓани за сета укажана доверба и поддршка.
Останете во добро здравје и не заборавајте дека само сплотени, обединети и со меѓусебна почит ќе имаме просперитетна и успешна Македонија.
Функциите доаѓаат и проаѓаат, но човечноста останува!
Семејство Иванови“, се вели во поздравот.