„Функциите носат привилегии, мора да носат и ограничувања“, пишува професорката Мирјана Најчевска во статус на нејзиниот Фејсбук профил, со што се вклучи во дискусиите околу скандалот со пратеникот Павле Богоевски.
Најчевска смета дека сите пратеници и високи функционери во власта треба барем два пати годишно да бидат проверени за употреба на психотропни супстанци.
Јас лично сум за леализирање на марихуаната и еден сосема поинаков пристап кон консумирањето на психотропни сусптанци, меѓутоа, во Собранието сакам луѓе со чисти глави.
Јас исто така мислам дека треба да има и тестови за општа интелегенција. Навистина ми е преку глава од ‘народни претставници’ со пола грам мозок кој не можат да соберат 2+2, а камоли да разберат што пишува во законските предлози за кои дигаат рака. – напиша Најчевска.