Социјалните служби ја нашле мајката која завчера го оставила тукушто роденото бебе во парк во Топанско Поле. Утринава во Центарот за социјални работи во присуство на родител, малолетната родилка потпишала изјава дека не може да се грижи за новороденчето и се откажала од него. Не била мажена.
– И од тие причини во текот на денот на детето ќе му биде назначен старател по службена должност, и мајката ќе има рок од три месеци дали ќе ја потврди или ќе се предомисли за одлуката да се откаже од детето, изјави за Сител Наташа Станоевиќ, директор на Центар за социјални работи-Скопје.
Машкото бебе е во добра здравствена состојба и до понеделник ќе остане на Детската клиника. Потоа ќе биде сместено во згрижувачко семејство, а во меѓувреме ќе му бидат извадени неопходните документи, матичен број и здравствена книшка.
– Имаме веќе вакви искуства со тукуштородени бебиња, додаде Станоевиќ.
Доколку мајката по три месеци не се предомисли и дефинитивно се откаже од детето, тоа ќе биде дадено на посвојување.
Прочитајте го целиот текст на веб страницата на телевизија Сител ОВДЕ