Француската министерка задолжена за европски прашања Натали Лоазо, вчера за РТЛ изјави дека го блокирала проширувањето на ЕУ со Албанија и, како што рече, Северна Македонија.
Министерката Лозао во февруари ја посети Македонијаи уште тогаш порача дека не е доволен само Преспанскиот договор за отпочнување преговори на земјава со ЕУ.
-Преспанскиот договор ги отвори вратите на НАТО, но што се однесува до ЕУ, Северна Македонија треба да ги исполни неопходните критериуми за реформи во клучните области. Одлуката за отпочнување на преговорите ќе биде донесена едногласно од 27-те земји членки на Унијата, изјави француската министерка за европски прашања Натали Лоазо на 26 февруари во Скопје.
Натли Лоазо ја предводи лисата на партијата на францускиот претседател за европските избори и важи за десна рака на Емануел Макрон.