6.8 C
Skopje
Sunday, December 1, 2024

Србија воведува сурогат мајчинство, раѓањето ќе чини до 15 илјади евра

Идниот Граѓански законик, сепак, ќе овозможи сурогат мајчинство, и тоа со умерена награда, а жената која носи и раѓа дете за некој друг, во законикот ќе се нарече „родилка”.

Родилката ќе има право на надоместок на трошоците за време на бременоста и породувањето, како и право на награда, но наградата ќе биде умерена – од 8.000 до 15.000 евра, велат од Комисијата за изработка на преднацртот на Граѓански законик, според „Политика“.

„Жените од Србија нема да мора да одат во Украина, каде што потпишуваат договори со сурогат мајки од 30.000 до 40.000 евра, или во Америка, каде што цената на таквите „услуги” е дури 100.000 долари“, рече д-р Миодраг Орлиќ, претседател на Комисијата за изработка на преднацртот.

поврзани објави

Последни објави