4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Новата американска амбасадорка Кејти Мери Брнс може да ја почне своајта дипломатска мисија во Скопје

Новоназначената амбасадорка на Соединетите држави Кејти Мери Брнс може да ја почне својата дипломатска мисија во Скопје. Таа синоќа го помина и последниот филтер од именувањето на амабасадор – ја доби поддршката од американскиот Сенат. Брнс доаѓа на местото на Џес Бејли, кој замина од функцијата уште во февруари. Беше именувана од претседателот Доналд Трамп пред повеќе од една година, информира телевизија Сител.

Довербата од Сенатот ја доби откако пред месец ипол беше сослушна од Комитетот за надворешна политика. Во нејзините приоритети како идна амбасадорка во Македонија ги нагласи стабилноста , безбедноста и унапредување на човековите права .Според неа тоа може да се обезбеди само со градење силни и независни институции. Таа се залага за цврсто партнерство со Македонија, што ке се потврди и со членството во НАТО.

Брнс е дипломат од кариера веќе 26 години, а како амбасадор во земјава доаѓа по нејзината функција заменик шеф на мисијата на САД во Атина. Претходно таа беше постојан претставник на Мисијата на САД на ОБСЕ во Виена.

Прочитајте повеќе вести: Талат избра четири медиуми да го следат во Рим

Кабинетот на собранискиот спикер ги одбра МИА, МТВ како медиуми во државна сопственост, како и приватните Алсат и ТВ21, пренесе Канал 5.

Од собраниските служби, сепак, прецизно не одговорија на прашањето по кој критериум се одбрани токму овие медиуми на чествувањето во Рим на сметка на Собранието.

поврзани објави

Последни објави