8.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Колев упати честитки по повод Денот на словенските просветители Св. Кирил и Методиј

Дозволете ми, во мое лично име и од името на Граѓанско Демократска Унија- ГДУ, да упатам искрени честитки по повод овој голем ден со желби за понатамошен успех, во промоцијата на посебноста на словенската писменост.

Св. Кирил и Методиј се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Учествувале во повеќе мисии за ширење на писменоста и христијанството. Направија мостови и ги обединија народите.

Нивното просветно и благородно влијание нека биде наш патоказ, да создаваме вредности, да работиме за општо добро, за подобра иднина на сите граѓани.

Нека ни е честит 24 Мај, Денот на словенските просветители Св. Кирил и Методиј, стои во честитката на претседателот на ГДУ, Петар Колев.

поврзани објави

Последни објави