4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Се огласија од КФОР, ситуацијата далеку од сјајна – еве што следува на Косово

Меѓународните мировни сили на Косово, под водство на НАТО, КФОР, потврдија дека во тек е операција на косовската полиција, која, како што се наведува, се одвива во рамки на на борбата против криминалот.

-Операцијата на Косовската полиција се одвива по налог на Обвинителството на територија на цело Косово, не само на северот, и не е вперена против криминалот на Србите, туку против лица обвинети за корупција и криминал – рекол за Танјуг портпаролот на командата КФОР, Винченцо Грасо.

Србија нареди зголемување на борбената готовност на нејзините трупи на границата, откако косовската полиција изврши рација во места со доминантно српско население. Претседателот Вучиќ синоќа изјави дека Косово е загубено.

Растат тензиите на северот на Косово по акцијата на косовската полиција утрово во регионот населен претежно со Срби. Повеќе лица се уапсени, а најмалку двајца косовски полицајци се повредени. Според официјалното соопштение, акцијата била финале на повеќемесечна истрага на криминални групи вмешани во шверц, злоупотреба на функцијата и илегална трговија. Косовската полиција се соочила со отпор, особено во општината Зубин Поток, каде бил уапсен еден полицаец, етнички Србин. Локалните Срби потоа го блокирале патот, а полицијата успеала да се пробие.

Полициското соопштение наведува дека биле уапсени „неколку полицајци и граѓани“ но не наведува точна бројка.

Српската државна телевизија јавува дека косовските специјални сили „упаднале“ во северно Косово. Косовскиот премиер Рамуш Харадинај ја потврди полициската акција и вели дека се работи за „антишверцерска операција против организираниот криминал“.

поврзани објави

Последни објави