7.8 C
Skopje
Wednesday, December 11, 2024

Мижи Асан да ти ги јадам слатките

Оваа изрека е често употребувана во мојот Град, а пошироко е позната како „мижи да те лажам“. За жал овие два збора точно го опишуваат начинот на владеење во текот на постоењето на наша современа држава, па и еден добар период наназад. Да ги поставиме на маса сите ваши предизборни програми (и не едните и на другите) и да ги споредиме со реализираните проекти ќе мора да признаеме дека имате одличен тим кој е задолжен, а се разбира и добро исплатен да креира еден куп на „сочни“ лаги и „реализирани“ проекти со најголема провизија или најпрофитабилни за вашиот џеб.

Доколку истиот овај тим работи на најновите случувања време е да го промените, сакате со метлата, сакате со џогерот или уште подобро ќе биде да се изметите сите комплетно, па да ја оставите оваа држава слободно да дише.

Зарем мислите дека не убедивте со метењето во сопствениот двор,а и што фајде имаат граѓаните од ова ваше заметување? Барем да попрскавте со вода најпрво, покрај загадениот воздух уште прашина ни фали… Треба да веруваме дека ги променивте највлијателните и до вчера најуспешните, па сега ќе барате нови решенија или сите кои ги именувавте и во моментот се простум ќе се поместат две столчиња понапред и повторно ќе седнат. Подобро ќе беше да променевте неколку претседатели на куќни совети, па можеби почесто ќе ги менуваа светилките во влезовите како бенефит за граѓаните, а не е ни така лоша идеја за формирање на „Министерство за куќен совет“ со оглед на потребата од ротациите.

За малку ќе не убедевте и во несогласувањата со вашиот партнер во Владата околу промената на директорот на Агенцијата за разузнавање и покрај тоа што и врапчињата говореа за тоа во попладневните часови на изборниот ден. Не знам како ви помина оваа одлука, кога ни чорапите не смеете да ги промените без нивно одобрување, а камоли некој министер.

И за крај доаѓаме до моралот, па по примерот на оние „моралните“ конечно и вие во пакет ќе треба да сносите морална одговорност со оглед на тоа што на овие простори не е дозволена бигамијата, а вие дваесет и осум години функционирате во тројка. Страшен е бројот што оваа ваша „тројка“ успеа да го исели од оваа држава, но уште пострашен е фактот што во тој број има голем дел на инжинери, програмери, доктори и сл. кои работејќи за странски компании имаа добри примања и тука можеа добро да функционираат, но доаѓаме до онај луд момент на оваа ваша бизарна атмосфера, која некои ја гледаат и не се согласуваат, на некои веќе му се смачи од гледање и за жал има и такви на кои што успешно широко му ги затворивте очите.

Автор: Благојче Трајковски, член на УК на ГДУ

поврзани објави

Последни објави