3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Студентите од студентскиот дом „Стив Наумов“ преку хуманитарна забава ќе донираат за малиот Лео

Студентите од СД „Стив Наумов“ уште еднаш на дело ќе ја покажат својата хумана страна. На 30.05.2019 ќе се одржи хуманитарна забава за помош на шестмесечниот Лео, за чија што ситуација не известија од Бигорскиот Манастир од каде упатија апел да се придружиме во поддршката и сите заедно да придонесеме Лео да ја извојува битката за правото на безгрижно детство, за правото на живот.

Лео е роден на 12.11.2018 година. Само 5 дена по раѓањето на Клиниката за детска хирурхија направен му е првиот оперативен зафат поради дијагноза Ileus при што му е отворена биполарна илеостома. Три месеци подоцна направена му е втора операција при која е затворена илеостомата и отворена е биполарна колостома. Два месеци подоцна, Лео е примен повторно на детската клиника, со зголемен обем на главата, со дијагноза Хидроцефалус. На Лео му е направен и трет оперативен зафат, овој пат на главата, по што Лео е пуштен дома.

Бидејќи неговата целосна состојба беше загрижувачка и не се движеше во позитивна насока, Лео итно беше однесен на една од приватните клиники каде во рок од само 5 дена итно му беа направени два оперативни зафати, еден на главата и еден на стомачето за затворање на стомата. Малиот Лео моментално закрепнува и силно се бори и тој по само шест месеци живот да добие шанса да биде здраво дете.

Огромна благодарност до сите доктори кои се бореа и сеуште се борат рамо до рамо со Лео. Тој има само 6 месеци и досега на него се направени 5 оперативни зафати, од кои две на главчето и три на абдоменот. Семејството на Лео не е во можност да ги покрие финасиските трошоци, кои досега изнесуваат 10 000 евра…

Да бидеме хумани и да му дадеме шанса на овој мал супер херој да лета безгрижно низ неговото детство, низ својот живот.

Поради објективни причини, средствата за малиот Лео ќе бидат уплатувани на жиро сметка на Бигорскиот Манастир.

Број на сметка: 300-1700000073-51

Банка: Комерцијална банка АД Скопје, Цел на дознака: За лекување на болно дете

Во прилог линк од најавата за забавата којa ќе се одржи во Четврток, 30.05. 2019 – прочитајте ОВДЕ

поврзани објави

Последни објави