По вчерашните случувања во Северна Митровица каде што уште во 6.10 часот наутро се слушнаа сирените од полицијата по повод упадот на специјалните сили РОСУ, целодневниот хаос кој резултираше со многу нереди, изјави од двете страни, од Вучиќ и Тачи, како и поради поводот на целата ситуација, пристигнаа поддршки за Александар Вучиќ од Русија.
Порака за поддршка на Вучиќ и српскиот народ упати и познатата руска новинарка и продуцентка Тина Канделаки.
Ја следам ситуацијата на Косово. Дали се враќаме во светот во кој полициските рации се засновани на основот етничка припадност? Го запознав Александар Вучиќ во Давос. Претседателот на Србија ме импресионираше. Токму поради тоа верувам дека неговата одлука да нареди воени српски сили да бидат на готовс е одговорна, напиша новинарката.
Идентична порака новинарката упати и на мајчиниот, руски јазик, и јасно стави до знаење дека тоа е нејзин цврст став.