6.8 C
Skopje
Sunday, December 1, 2024

Потресна исповед на Србин од Зубин Поток: Беа до заби наоружани, бегав бидејќи сакаа да завршат со мене

Радован Милановиќ, чиј син Раденко е повреден, а брат и братанец во полициска станица во Косово, вели дека биле изненадени од припадниците на РОСУ и дека не пружале никаков отпор, за да се случи тоа што всушност се случило во текот на вчерашниот ден.

Без било каква причина упаднаа во нашата куќа која се наоѓа на само стотина метри од магистралниот пат, го скршија стаклото од мојот автомобил, го бркаа мојот син и пукаа во него додека тој бегаше. За среќа во целата таа ситуација му настрада само ногата, и покрај тоа што не беше виновен воопшто, вели Радован за Информер.

Тој вели дека специјалните сили биле наоружани до заби и дека постојано повторувале „Ова е Косово“.

Погледнете го видеото каде што неговиот син сведочи за тоа што се случило во текот на вчерашниот ден во Косово.

поврзани објави

Последни објави