Црногорската влада објави ново јавно наддавање за јахтата на Тито ,,Јадранка”, а овој пат ја симна цената од 80 на 50 000 евра.
Владата на Црна Гора ја прогласи ,,Јадранка” за непотребна , а прв пат ја огласи на продажба минатото лето. ,,Јадранка” е најлуксузната јахта што ја имаше поранешниот претседател на СФРЈ на располагање и е направена 1977 во хрватското бродоградилиште во Краљевица.
Јахтата е извлечена на суво во пристаништето во Бар. Во јахтата биле вградени тогаш најлуксузните и најквалитетни материјали , од махагони и и тиково дрво , додека преградите се направени од специјална челична легура.
Јахтата има три салона , два апартмана и две помошни кабини за гости. Има осум легла , а може да прими триесетина гости за дневна посета.
Според црногорските медиуми , Јосип Броз Тито со оваа јахта пловел 24 пати. Цената е намалена зашто немало интерес на претходното наддавање.