Еден од најзаслужните ракометари на Вардар за освојувањето на втората европска титула е храватскиот репрезентативец Игор Карачиќ. Затоа тој сосема заслужено беше прогласен за МВП на фајнал-форот во Келн. Тој е еден од најомилените ракометари на скопската публика, а доказ за ова е и пречекот кој му приредија неговите соседи.
Како изгледаше пречекот на Вардар низ окото на ЕХФ?
Во ракометна Европа денес се збрува за едно нешто – грандиозниот пречек во Скопје на европските шампиони!
Изминатата вечер беше незаборавна посебно за ракометарите на Вардар, навивачите се погрижија да добијат пречек каков што заслужија. За пречекот во Скопје пишуваа голем број медиуми во регионот, а рамнодушни не останаа ниту луѓето од ЕХФ.
Европската ракометна федерација е воодушевена од она што навивачите им го приредија на ракометарите.
„Вардар се врати во Скопје, а атмосферата беше најдобрата која можете да ја замислите. Семејства, навивачи и цело Скопје излезе на улиците да им пружи поддршка и заедно да го прослават трофејот“, стои во објавата на ЕХФ со приложени неколку фотографии.
🔥@HCVardar team arrived in Skopje yesterday night and the atmosphere was the best ever imagined! Fans, family and all Skopje citizens were there to show the team their support and to celebrate with them the VELUX #ehffinal4 triumph. ❤️🏆👇#veluxehfcl #hellocologne pic.twitter.com/zXD0Ka6WoC
— EHF Champions League (@ehfcl) June 4, 2019