-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Од денеска патувањето до Штип се крати за половина час, пуштен во употреба автопатот Миладиновци – Штип

Новиот автопат Миладиновци – Штип, започнат да се гради во 2014 година, денеска е пуштен за сообраќај во двата правци. Делницата е долга 47 километри, а со неа патувањето до Штип се крати за половина час.

Автопатот е широк 27,4 метри, има четири ленти од 3,75 метри и две ленти за застанување од 2,5 метри. Проектираната брзина е 130 километри на час.

Во изградбата на патот, покрај кинеската „Синохидро“, беа ангажирани и домашните градежни компании „Бетон“ и „Гранит“.

поврзани објави

Последни објави