На Сицилија се продаваат куќи за едно евро
Околу десетина недвижнини во сицилијанскиот град Самбука се продаваат по цена од едно евро, или помалку од кафе за носење, како што тоа го рекламираат локалните власти.
Тие велат дека се директни сопственици на сите објекти, а не само посредници помеѓу продавачот и купувачот, така што заинтересираните треба да ги контактираат за да состават купопродажен договор директно со нив.
Причина за ниската цена е желбата да заживее областа која изгубила голем број жители во последните години, поради преселбата во големите градови.